Во општина Гевгелија до 13 часот излезноста 42,72 отсто
Според податоците од избирачките места во општина Гевгелија за само три часа, од 10 до 13 часот, за четири пати е зголемена излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори во земјава.
- Заклучно со 13 часот на 37 гласачки места гласале 8.272 граѓани што изразено во проценти изнесува излезност од 42,72 отсто која во 10 часот беше само 9,8 отсто. Имаме убав ден и досега гласањето се одвива во демократска атмосфера, мирно и достоинствено, изјави Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК-Гевгелија.
Слична излезност на граѓаните е забележана и во општина Богданци каде според информациите од ОИК до 13 часот гласале 2.774 гласачи што претставува излезност од 40,17 отсто.
Од ОИК Валандово информираа дека излезноста достигнала 36,2 отсто, односно дека до 13 часот гласале 3.624 граѓани, а нешто помала излезност од 35,26 отсто е регистрирана во општина Дојран, каде гласале 974 од запишаните 2.568 избирачи.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник