Во Општина Аеродром започна заловувањето на кучиња скитници
На територија на Општина Аеродром денеска започна акцијата за заловување на бездомни кучиња, организирана од тимот на јавното претпријатие „Лајка“. Целта на акцијата е кучињата да поминат хуманитарниот третман.
Како што информираат од „Лајка“, со акцијата оваа недела ќе бидат опфатени селата Долно и Горно Лисиче, реонот на улицата „Тодор Чангов“ и населба Лисиче, а следната седмица таа ќе се спроведува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
- Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне
во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, соопштуваат од „Лајка“.
Од Општината информираат дека Аеродром се соочува со најголем број на пријави за инциденти со каснувања од кучиња скитници.
- Токму минатата недела, беше објавена реакција во јавноста во која потенциравме дека Општината навремено и секој месец исплаќа 100.000 денари на јавното претпријатие, за што очекуваме сериозен и зголемен ангажман за решавање на ова прашање. Ги поддржуваме сите напори за зголемување на безбедноста на граѓаните во секојдневното живеење, како и хуманиот третман на кучињата скитници. Се надеваме дека оваа акција на ЈП „Лајка“ ќе вроди со плод и овој проблем ќе биде минато во најбрз можен рок, посочуваат од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината