Во Охрид проекција на најдобрите остварувања од 8. Филозофски филмски фестивал
Во организација на Институтот за филм – Филмска академија Охрид (ФИОФА) и Филозофското друштво на Македонија денеска во Охрид ќе бидат прикажани победничките филмови на 8. Филозофски филмски фестивал.
Проекцијата на филмовите е предвидена од 19 часот во амифитеатарот на ФИОФА, каде прво ќе биде прикажан филмот „Модерне кунст“ на режисерот Марко Шантиќ, прогласен за најдобар краткометражен филм според публиката и дибитник на Специјално признание од жирито. Станува збор за уметничко дело во кое на комичен начин се пренесува приказна за брачна криза пренесена низ призмата на современата уметност.
Потоа следува проекција на филмот „Граѓанинот“ на авторот Роланд Враник, прогласен за најдобар долгометражен филм од стручното жири. Филмот говори за африканецот Вилсон, кој како политички бегалец привремено живее во Будимпешта. Сака да стане унгарски државјанин, но неколку пати по ред не успева во тоа. „Граѓанинот“ го отвора прашањето за местото и статусот на поединецот – граѓанин во една земја (матична или туѓа) или во светот воопшто. „Граѓанинот“ на унгарскиот режисер Роланд Враник е добитник на наградата за Најдобро сценарио на Фантаспорто филмскиот фестивал во Порто, Португалија.
Ново на Сител
-
Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона
-
Во Кавадаречко приведено лице поради поседување огревно дрво без документација
-
67-годишник во Тетово удрил количка со бебе на пешачки и избегал
-
Приведен велешанец баран со потерница
-
Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење
-
Чашата вода до кафето првично не била за пиење
-
ФБИ нуди 10 милиони долари за поранешен канадски олимпиец кој станал наркобос
-
Француските борбени авиони Мираж-2000, донирани на Киев, за првпат одбија руски напад врз Украина