Во новата индустриската зона Мамутчево годинава ќе започне изградба на индустриските објекти
Општина Велес во индустриската зона Мамутчево продаде девет од десетте парцели за градба и остана непродадена само уште една – најголемата од 10 хектари. индустриската зона е лоцирана на 44 хектари и е во близина на селото Мамутчево и експресниот пат Велес-Штип.
-На некои многу им се брзало па не ја изготвиле целосната документација, вели градоначалникот Аце Коцевски.
Општината од нив, како што рече, очекува да ги досредат документите, а потоа ќе им ги издаде и одобренијата за градба. Со тоа во индустриската зона Мамутчево ќе почне изградбата на повеќе капацитети од лесна и незагадувачка индустрија, а локалната власт очекува да се отворат стотици нови работни места.
Инаку во првата фаза изминатото година над селото Мамутчево се изгради базен за вода од кој со вода ќе ги снабдува фабриките во индустриската зона. Најголем дел од средствата за негова изградба околу седум милиони денари беа обезбедени прелу Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, а општина Велес учествуваше со милиони и 750 илјади денари.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228