Македонија
24. September 2021 - 9:05

Во Њујорк средба на Османи со Балакришнан

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на 76 Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Сингапур, Вивијан Балакришнан.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји и беше изразено взаемно задоволство од досегашниот развој на мултилатералната соработка, со посебен фокус на Обединетите нации.

-Соговорниците се согласија дека организирање на средби на високо и највисоко ниво, ќе даде нов импулс во заемните односи и дополнително ќе отвори нови можности за унапредување на соработката, особено во делот на економијата и инвестициите, се наведува во соопштението.

Воедно, се додава, на средбата се дискутираше и  за актуелни меѓународни прашања и соработката во меѓународните организации.