Во Њу Делхи рекордно загадување на воздухот
Загадувањето на воздухот во делови на индиската престолнина утрово се искачи на рекордно нивно, на еден ден по огнометот во Њу Делхи по повод одбележувањето на Дивалија, индиски фестивал на светлото.
Индексот за квалитет на воздухот, кој ја мери концентрацијата на токсичните честички, во раните утрински часови достигна 500 во неколку делови на Њу Делхи, вклучително и на меѓународниот аеродром, што е рекорд од како централниот владин одбор за контрола на загадувањето врши мерења.
Сè што е над 401, класификувано е како „тешко“. Загадувањето на воздухот на тоа ниво може сериозно да влијае на оние со респираторни заболувања, но и на оние кои се здрави.
Жителите се разбудија во сив облак, по чадот од огнометот, кој останал „заробен“ во студениот воздух на градот.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници