Во Неготино поделени 120 вредносни ваучери за новороденчиња
Се зголемува наталитетот во општина Неготино. Ова го истакна денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов, при доделувањето на 120 вредносни ваучери за новороденчиња, кои Општината ги дава како стимулација за зголемување на наталитетот. Ваучерите се однесуваат за бебињата родени во последните околу шест и пол месеци.
Во изјава за медиумите, тој потсети дека за секое новородено дете општината доделува седум, за секое трето дете 14 илјади денари. За секое машко лице над 40 години кое првпат стапува во брак, локалната самоуправа одвојува 30 илјади денари.
- Самата бројка ни кажува дека наталитетот во општина Неготино од година во година расте. Со ваучерите стартувавме во 2013 година кога имаше 176 новороденчиња, а минатата година имавме 210 нови жители. Тоа е за поздравување. Мене исклучително ме радува што покрај неколкуте владини мерки, ние како општина исто така практикуваме мерка донесена по моја иницијатива и усвоена на седница на општински совет, рече Апостолов.
Притоа нагласи дека во иднина во план е донесување на уште неколку стимулативни мерки. -Сметам дека придонесовме и дополнително ќе придонесеме за зголемување на наталитетот во општината од година во година, додаде тој.
За три и пол години, општина Неготино има доделено близу 700 вредносни ваучери.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?