Во Неготино одбележана Неделата на грижа за стари лица
Поставување пункт за мерење шеќер во крвта и крвен притисок во село Долни Дисан, како и посети, здравствени прегледи и достава на храна и облека, беа само дел од активносите со кои Општинската организација на Црвениот крст – Неготино ја одбележа минатата Недела на грижа за стари лица.
Мотото беше „Сите сме нивни деца”.
-Неделата се заокружи со заедничка дружба на волонтерите и членови од Клубот на млади и Клубот на пензионери „Анри Динан” при Општинската организација на Црвениот крст. Заедничката средба беше од рекреативен карактер. Волонтерите се дружеа преку спортски активности, со играње на шах, табла, домино и пикадо. Учествуваа и ученици од училишниот клуб на Црвениот крст при ООУ „Гоце Делчев”– Неготино, со читање литературни творби, рече секретарот на Општинската организација на Црвениот крст, Тошко Настов.
Но, со ова, нагласи, не завршуваат активностите на Црвениот крст со старите лица.
– Интенцијата е да продолжат редовните посети во домовите за стари лица и пензионерски домови, со организирање соодветни активности со учество на младите на Црвениот крст, како и вклученост на волонтерите од трето доба, истакна Настов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот