Во Неготино изложба на икони „Откровение во бои“

Во пресрет на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), синоќа во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” од Неготино, беше отворена изложба на икони насловена „Откровение во бои“, со дела од авторите Златко и Соња Лечковски од Битола.
- Интересот за уметноста и живописувањето кај нив се јавува уште во најраните години и првите дела ги создаваат високо во зелените предели на своето родно село. Во Битола и се придружуваат на групата млади уметници во ателјето при храмот на Пресвета Богородица, кај двајцата еминентни живописци Ристо Димовски и Никола Крнчев, кои творат под влијание на русинот Иван Мелников. Во следните неколку години работат на живописување на разни цркви и манастири во преспанскиот, струшкиот, дебарскиот регион, како и во неколку цркви во соседна Грција, рече Мирјана Јованова, директор на Центарот.
Досега неколкупати самостојно имаат изложувано во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, како и учествувано во многубројни групни изложби. Нивни дела освен во Македонија, можат да се видат низ европските земји, како и Австралија и Америка.
- Интересно е да се каже дека и бискупот на Англиканската Црква од Лондон Ричард Чартрес поседува две икони кои тие ги изработиле . Имаат учествувано во многу хуманитарни акции. Имаат добиено и неколку признанија и благодарници, како од свештени лица, така и од високи функционери на Република Македонија. Живеат и создаваат во Битола, а во моментов го изработуваат живописот во неколку помали локални цркви во Битолско, додаде Јованова.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
