Македонија
26. February 2016 - 10:24

Во недела привремен сообраќаен режим на дел од бул. „Трета македонска бригада“

Привремен сообраќаен режим ќе биде воведен во недела од 8 до 18 часот на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улица „Пролет“ до крстосницата со улица „Никола Карев“. На тој дел од патот ќе се изведуваат попречни прекопи, соопшти денеска Град Скопје. 

Во тек на привремениот сообраќаен режим ќе биде поставена соодветна патна сигнализација. 

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.