Во нападот врз воената болница во Кабул загинаа 38 луѓе
Авганистанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека при нападот врз воената болница во Кабул, за кој одговорност презеде Исламска држава, загинаа најмалку 38 луѓе, а над 70 се повредени.
Генерал Давлат Вазири изјави дека безбедносните сили во целост ја презеле контролата над болницита и дека се завршени судирите.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Седик Седики изјави дека по речиси шест часа „заврши операцијата“ на безбедносните сили.
Нападот почна во задниот дел на болницата „Сардар Муханед Дауд Кан“ кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себа, а потоа од три до пет напаѓачи вооружени со автоматско оружје и рачни бомби влегле во објектот.
Напаѓачите облечени како лекари зазеле позиции на горните катови на болницата и се судриле со безбедносните сили кои во меѓувреме го блокирале подрачјето.
Портипаролот на талибанците изјави дека немаат „никаква врска“ со нападот, додека ИД преку својата агенција Амак објави дека нејзини борци ја нападнале болницата „Сардар Муханед Дауд Кан“.
Ново на Сител
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка