Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри има од село Гајре до Попова Шапка.
Како што информираат од ЈП Македонијапат, слаб дожд во југозападниот дел од земјава.
ЈП Македонијапат, велат, со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата
Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Ново на Сител
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини