-->
-->
Во напад на Боко Харам врз село во Нигерија убиени 10 луѓе, киднапирани 13 жени и деца
-->
Припадници на исламистичката Боко Харам убиле 10 луѓе и 13 киднапирале за време на напад извршен вчера во село во близина на градот Чибока, на североисток во Нигерија каде пред две години киднапираа повеќе од 200 ученици.
Вооружените џихадисти го нападнале рано утрото селото Кубрива и пукале во луѓе, ограбувале и палеле домови.
Во нападот убиле 10 луѓе и киднапирале 13 жени и деца.
Во 2014 година Боко Харам го запалија селото Кубрива, приморувајќи ги жителите да го напуштат. Боко Харам се одговорни за убиство на околу 20.000 луѓе во Нигерија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот