Во МЗШВ отворен кол центар за потребите на земјоделците и агробизнисмените
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска отвори кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, кои преку телефонските броеви 071/204-137; 070/415-314; 070/415-389 ќе можат да ги добијат сите потребни услуги и информации. Телефонските линии ќе бидат достапни од 8 до 17 часот.
Преку кол центарот, соопшти МЗШВ, земјоделците и агробизнисмените ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство. Воедно, ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и информации за незаконски дејствија.
- На овој начин Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навреме ќе може да одговори на сите прашања што ги засегаат земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, да реагира и да преземе мерки за брзо решавање на секој проблем поединечно, стои во соопштението.
Воведувањето на кол центарот како модел за транспарентност, е новина и за првпат се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Уште од јуни МЗШВ ги отвори вратите за земјоделците и за агробизнисмените, за решавање на нивните проблеми и за преземање на системски мерки за развој на земјоделството. Воведувањето на кол центарот е само продолжение на започнатиот транспарентен однос на МЗШВ и уште еден доказ за отвореноста на МЗШВ како институција која ќе функционира исклучиво како сервис за сите чинители во земјоделскиот сектор, наведуваат од МЗШВ.
Начелото на правичност и транспарентност, додаваат, и во следниот период ќе биде едена од главните цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи само преку отворен дијалог може да се постигнат зацртаните цели за развој на земјоделскиот сектор.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки