Во моментов не се размислува на 14-дневен карантин, мерките се доволни, но можни се и поригорозни доколку има потреба
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во моментов не се размислува за воведување карантин 14 дена, но сепак државата е подготвена да воведе и поригорозни мерки, доколку се укаже потреба за тоа.
-Во овој момент ги разгледуваме статистиките, дека покрај овој мал пик што го имаше значајна разлика во бројот на новодијагностицирани пациенти, дека е на некој начин, да го наречам лажен пик, бидејќи циљано се тестираше на поголема група граѓани во Куманово кои беа прволиниски контакти со заболените и после тоа се вративме на вообичаената бројка меѓу 20-30 пациенти дијагностицирани во текот на 24 часа што претставува линеарен раст на бројот на пациенти, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.
Според Филипче, засега нема најава дека статистиките ќе поминат во некаква позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти.
-Сметаме дека овие мерки се доволни, целосно ограничен викенд, разграничување на двете старосни групи и соглансо тие резулати сме подготвени да интервенираме во мерки, додаде министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер