Во Молдавија уапсени судии кои учествувале во шема за перење пари на руски фирми
Во Молдавија се издадени налози за апсење на 20 судии и судски службеници, кои според обвинителството им помагале на руски компании да исперат големи суми пари, соопштија на прес-конференција раководителот на Одделот во Обвинителството задолжен за корупција Виорел Морар и портпаролот на Националниот антикорупциски центар Богдан Зимбрјану, јави ТАСС.
- Станува за околу 20 милијарди долари, кои незаконски излегле од Русија преку молдавската „Молдиндконбанк“, рече Морар.
Тој додаде дека во вчерашната операција на специјалните сили биле задржани 15 судии, тројца судски службеници, а по уште две лица се трага.
Во кругот на осомничени се и раководители на Националната банка на Молдавија и на „Молдиндконбанк“.
Според Обвинителството, криминалните активности се вршеле со тоа што офшор компании меѓу себе склучувале фиктивни договори за кредитирање, чиј гарант бил државјанин на Молдавија. Како негов нарачател се јавува руска фирма, која потоа го затвора кредитот по одлука на молдавски суд.
Доколку бидат прогласени за виновни осомничените можат да добијат затвор од пет до десет години.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР