Во МНТ се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн четврток, 01 март 2018 12:33
Во Македонскиот народен театар се подготвува претставата „Без галама“ според текстот на Мајкл Фрејн, во колективна адаптација, а во режија на Тони Михајловски.
„Без галама“ е претстава во претстава, и зборува за тоа што се случува на сцената - она што публиката може да го види, но благодарејќи на ротирачката сценографија, дејствието на претставата се случува и зад сцената.
- Публиката ќе има можност да учествува во секој сегмент во создавањето на претставата, ќе ги види заткулисните пикантерии и „хаосот“ кој се случува зад сцената, што прават актерите кога не ги играат своите улоги и ќе ги открие сите тајни на една театарска магија. По големите успеси на претставата „Брачна игра“, за Михајловски ова е второ режисерско остварување во матичната куќа. Овојпат го одбира комичниот текст на Фрејн кој е еден од најдобрите и најиграните текстови во светската драматургија, а кој првпат се поставува во МНТ, соопшти Македонскиот народен театар.
Премиерната изведба е најавена за 31 март во 20 часот на големата сцена на МНТ. Во претставата играат: Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Јасмина Поповска, Камка Тоциновски, Нино Леви, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Емилија Мицевска и Стефан Спасов.
Сценограф е Татјана Христоска, костимографијата е на Ивана Кнез и Сињори, изборот на музиката е на Тони Михајловски.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел
-
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС