-->
-->
Во МНР состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ
-->
Во Министерството за надворешни работи утре и задутре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија. На покана на домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Република Бугарија Даниел Митов и од Република Албанија, Дитмир Бушати.
Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, а ќе се обратат и министрите Митов и Бушати кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.
На Амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар