Во Мексико откриени 343 мигранти во напуштена приколка од камион
Мексиканските власти пронајдоа 343 мигранти, меѓу кои 103 малолетници без придружба, во напуштена камионска приколка оставена покрај автопат, соопшти денеска Националниот институт за имиграција.
Во минатото, мигрантите беа пронаоѓани во напуштени во приколки за камиони, најчесто мртви.
Во овој случај тие се пронајдени неповредени и во добра состојба, а не е јасно зошто возачот на камионот побегнал, соопшти полицијата.
Приколката имала вградена вентилација на покривот, а мигрантите носеле ланчиња со ознаки во боја за нивна идентификација како клиенти на шверцери.
Возрасните мигранти беа главно од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Еквадор. Повеќето од малолетниците без придружба доаѓаат од Гватемала.
Мигрантите кои успеваат да стигнат до САД честопати им плаќаат на шверцерите да ги испорачаат нивните деца на следното патување.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
