Во мексиканска клиника за рехабилитација убиени 24 лица
Вооружени лица вчера упаднаа во клиника за рехабилитација од дрога во градот Ирапуато, централно Мексико и убија 24 луѓе, а тројца се тешко повредени.
Гувернерот на мексиканската сојузна држава Гуанајуто, Диего Синхуе Родригез Валејо инцидентот го нарече „кукавички напад“.
Тоа е втор напад во Ирапуато за помалку од еден месец, на 6 јуни беше нападната друга клиника за рехабилитација, при што загинаа 10 лица. Додека во декември минатата година од клиника за рехабилитација во истиот град беа киднапирани повеќе лица.
Во тој регион десјтвуваат едни од најопасните нарко картели „Халиско Нуева генерасион“ и „Санта Роса де Лима“.
Шефот на „Санта Роса де Лима“ Хозе Антонио Јапез Отриз пред десетина дена преку видео се закани дека ќе ескалира насилството откако во полициска рација беа упасени неговата сестра и мајка.
Во Мексико минатата година беа регистрирани речиси сто убиства дневно, а поголемиот број од загинатите се жртви на нарко картелите.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час