Во Маврови Анови 48 сантиметри снег

Во Маврово изутрина до седум часот се наврнати 52 литри воден талог на метар квадратен, 49 во Демир Капија, 38 во Пожаране, 29 во Крушево, 26 во Гевгелија и Струмица, 23 во Тетово и Дојран, 20 во Битола, 17 во Берово, 15 во Ѓуриште....
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 48 сантиметри, по што следуваат Крушево со 27, Пожаране со 20, Ѓуриште со 19 и лазарополе со 17 сантиметри.
Најстудено е во Маврово, минус 4 степени, а минус три степени се измерени во Лазарополе, минус два во Тополчани, Ѓуриште и Крушево, минус еден во Пожаране,...
Времето изутринава е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.
Во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.
Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
