-->
-->
Пендаровски од Валандово: Во недела гласаме за развој, интеграција и напредок, продолжуваме Заедно напред
-->
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Валандово , порача дека Валандово и цела Македонија на 21 април и 5 мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина.– Вашиот сограѓанин кој досега недостојно ја извршуваше функцијата претседател, работеше против граѓаните и поддржуваше само една партија. Сите проекти кои носат добро на народот и државата ги кочеше. Противкандидатката Сиљановска има амбиции да биде иста како него и гласот за неа на изборите ќе значи и глас политиките на Иванов да продолжат. Но знам дека граѓаните овде во Валандово, граѓаните низ целата држава нема да дозволат тоа да се случи, порача Пендаровски.
Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.
– Затоа, во недела на 21 април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред, повика Пендаровски.
Тим на кандидатот за претседател Стево Пендаровски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
