Во Маракеш почнува меѓународна конференција на ОН за климата

Во Маракеш денесла почнува Меѓународната конференција за климата (COP22), која ќе се одржи под силно полицско обезбедување.
Комплексот со плоштина од 300 илјади квадратни метри спроти историските порти Баб-Игли на стариот град, неофицијално наречен „село“, на конференција се подготвува да прими 20 илјади учесници на климатскиот форум од целиот свет.
Во центарот на комплексот е издгигната огромна барака, инспирирана од мароканските традиционални шатори. До неа се наоѓа т.н. сина зона, во која ќе се одржуваат преговорите и која ќе ги прими новинарите и делегатите на околу 3.300 акредитирани невладини организации, како и некои знаменитости.
Освен сина има и зелена зона, наменета за пошироката публика, а во која пристап ќе имаат оние кои претходно се регистрирале.
Комплексот, кој вклучува 55 шатори и десетици конференциски сали, беше детално проверен во петокот на мароканските служби за безбедност.
За безбедноста на настанот, кој ќе трае до 18 ноември, ќе се грижат околу 12 илјади полицајци, 250 полицајци со мотоцикли, три хеликоптери и околу сто полициски автомобили.
Над 40 претседатели на држави и повеќе од 30 владини лидери до моментов го потврдија учеството, меѓу кои францускиот претседател Франсоа Оланд. Меѓу учесниците се и некои светски познати личности како Леонардо ди Каприо и Арнолд Шварценегер.
Мароканското претседателство на COP22 сака форумот во Макареш да биде „конференција од акција“, која ќе ги конкретизира важните чекори постигнати на климатската конференција во Париз минатата година.
Париската спогодба за борба против глобалното затоплување, која беше усвоена од 195 земји, стапи во сила во петокот.
Ново на Сител
-   
           Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
-   
           Мицкоски: Темелот е поставен, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати
-   
           Талент од Македонија меѓу најдобрите на „Пјер Карден“ во Париз | Марија Роглева | Sitel Podcast 120
-   
           Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс
-   
           Бројот на жртви во полициската операција во фавелите во Рио де Жанеиро се искачи на 121
-   
           Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
-   
           По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018
-   
           Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси





