-->
-->
Во манстирот во Слепче утре ќе биде канонизиран Св. Кипријан Слепченски
-->
Во манастирот Св. Јован Претеча во демирхисарското село Слепче утре ќе биде извршена канонизација (прогласување за светител) на Св. Кипријан Слепченски.
На службата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ - ОА, како и архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната црква.
Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите ќе биде соопштена во текот на Светата литургија која ќе започне околу 09 часот. Сите посетители ќе имаат можност да се поклонат на иконата на Св. Кипријан, за миропомазување и да добијат икона од светителот.
Од МПЦ - ОА информираат дека канонизацијата на Св. Кипријан кој на 30 април 1780 година маченички пострада за православната вера е првата свечена активност, во програмата за одбележување на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?