Во Македонија лани на своето работно место починале 24 лица
Работните места во Македонија и натаму носат жртви. Само минатата година на своето работно место загинале 24 лица. Мора да се покрене свеста за безбедност и заштита при работа, но и да се унапреди колективното договарање во овој сегмент, беше речено пред денешната конференција во ССМ по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април.
Најризични, се уште, се работните места во земјоделството, особено индивидуалните производители, а потоа градежниците и вработените во црната металургија.
- Подобро е да разговараме за безбедноста и здравјето, отколку да ги броиме загинатите на работните места. Работните услови мора да се човечки, а работните места прилагодени на луѓето, изјави претседателот на Македонското здружение за безбедност и здравје при работа Милан Петковски.
Според директорот на Инспекторатот за труд Аљајдин Хавзиу, просекот на смртни случаи на работното место е 10 до 17 годишно, а на повредени околу 400.
- Трудовиот инспекторат во текот на годината врши најмалку 30.000 надзори, истакна Хавзиу.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат