Живот
2. November 2016 - 9:57

Во Мајами се слушаше „Чија си“ на Тоше

Екипата на Мајами синоќа на свој терен со 108:96 по едно продолжение беше подобра од гостите од Сакраменто. Сепак, поинтересно за нас од втората победа сезонава на Хит беше она што се случи за време на паузата помеѓу првата и втората четвртина. Во улогата да избере своја караоке песна се најде Горан Драгиќ, а избор на Словенецот беше „Чија си“ во изведба на Тоше Проески. Момент кој на џамботронот во арената во Мајами го „фати“ Боби Лекоски.