Свет
25. July 2016 - 8:45

Во Либија на плажа пронајдени 41 тело на мигранти

На плажа во либискиот град Сабрати, западно од Триполи, волонтери пронашле 41 тело на лица, за кои се претпоставува дека се мигранти, соопштија локалните власти.

Телата се пренесени во мртовечница, каде е извршена ДНК анализа пред да бидат погребани.

Се претпоставува дека мигрантите се удавиле пред шест или седум дена.

Повеќе од 10.000 мигранбти, кои заминале кон Европа, загинале или се водат како исчезнати во Средоземното Море од 2014 година, покажуваат податоците на УНХЦР.