Во Кувајт почнува меѓународна конференција за обнова на Ирак
Во Кувајт денеска почнува Меѓународна конференција за обнова на Ирак на која ќе учествуваат претставници на десетици земји и хуманитарни организации.
Претседателот на ирачкиот Фонд за обнова на териториите, ослободени од терористи, Мустафа ал Хити, изјави дека за три години окупација од страна на џихадистите од групата Исламска држава, биле урнати 138.000 домови во северен и западен Ирак, од кои 50 проценти до темел.
Според него, напорите на Фондот се фокусирани на обнова на снабдувањето со вода и струја, но со сопствени сили било можно да се задоволи само еден процент од потребите.
- Уверени сме дека по победата во војната со терористите, земјите кои учествуваат на конференцијата се ангажирани да го поддржат Ирак. Сметаме на меѓународната поддрша, изјави Хити и додаде дека до денес бројот на внатрешно раселените лица е 2,5 милиони луѓе.
Конференцијата во Кувајт ќе трае три дена, од кои првиот е посветен на хуманитарниот аспект, вториот е за приватниот сектор и инвестициите, а на последниот ден земјите ќе ја објават висината на помошта.
Обновата на Ирак ќе чини 88,2 милијарди долари, изјави на конференцијата претставник на ирачкото Министерство за планирање.
Околу 22 милијарди се потребни на краткорочен, а 65 милијарди на среднорочен план. Најитна потреба од средства има станбениот сектор, додаде Хити
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек