-->
-->
Во Куманово завршна манифестација на проектот Балкан Акција 2015
-->
На градскиот плоштад во Куманово денеска во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) млади од повеќе граѓански организации и училишта, како и волонтери од странство преку перформанси, музика и игра придонесоа во поттикнувањето на критично размислување за случувањата на глобално ниво, а сето тоа во рамки на финализација на проектот Балкан Акција 2015 (Balkan Action 2015).
Целта е да се поттикнува размислувањето за трите теми кои на глобално ниво се најдискутирани: сиромаштијата, борбата со нееднаквоста во светот и климатските проблеми како најзначаен за наредните децении.
- Проектот има за цел да го поттикне размислувањето и креирање на критична маса на младите луѓе кои размислуваат и кои би требало да го подобрат животот на глобално ниво.Проектот е работен на глобално ниво поради усвојувањето на Декларацијата за одржлив развој во периодот од 2015 – 2030, на 24-ти септември во Обединетите Нации, така што круцијално е да се поттикне свеста за подигање на размислувања и да се повика на поголема инклузија на младите во донесување одлуки, бидејќи нивното учество е императив на кој би требало да се гради нашето општество,што е една од целите за одржлив развој, изјави асистентот на проектот,Тамара Лазаревска.
Во Македонија проектот во имплементира Центарот за интеркултурен дијалог, а на балканско ниво го спроведува во соработка со две организации CHRDS Центар за истражување и Beyond Barriers,од соседните Србија и Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари