Во Куманово промовирани „Црните страници на УДБА“
Во кумановскиот театар, денеска во организација на Државниот Архив на Република Македонија беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“.
Директорот на Државниот архив Филип Петровски ги презентираше документите објавени во 9 тома, во 16 книги во кои се содржани 202 досиеја на 13.500 страници.
- Горд сум што сум тука во театарот во Куманово, но морам да ви кажам дека во овој театар, освен театарски претстави се одвивале и некои други „претстави“, луѓе кои се врткале на сцена и позади сцена, кои доаѓале во бифето на овој театар, подоцна оделе во полициски станици, соработувале со тајната полиција и кодошеле некои наши првеници како на пример, Колозов, изјави Петровски.
Тој додаде дека бил вчудоневиден кога, како што кажа, го нашол досието, на македонскиот крал Колозов, а тоа се случувало токму каде што денеска се одржа промоцијата.
Петровски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите години кога се формирала како партија во Куманово, била подложена, како што рече на сериозна анализа, истражување и проверки на животите на активните членови, од што нагласи, произлегле многу материјали кои се објавени во едицијата.
На промоцијата во театарот присуствуваа голем број граѓани.
Ново на Сител
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит
-
Калас за упадот на руски дронови во Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи