Во Куманово отстранување на хаварисаните возила од јавните површини
Сопствениците на хаварисаните возила паркирани на јавно-прометни површини треба ги отстранат возилата во периодот од 1 до 15 април годинава, соопштија денеска надлежните од Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.
Комуналните инспектори веќе се на терен и ги информираат сопствениците на возилата дека треба навреме да ги отстранат возилата. Доколку, обврската не биде исполнета во предвидениот рок, возилата ќе бидат присилно отстранети, а штетата ќе биде на сметка на сопствениците, се наведува во соопштението на општината.
- Оваа акција се презема за да се обезбеди непречено минување на граѓаните по јавните површини кои се зафатени од возила кои не се во употреба, изјави раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Вера Лазаревска.
Таа додаде дека доколку сопствениците не ги остранат навреме возилата, тие ќе бидат отстранети со „пајак службата“ и надлежните служби од СВР Куманово, при што трошоците ќе бидат на товар на сопствениците. Акцијата, нагласи Лазревска се спроведува согласно Законот за комунални дејности и Законот за безбедност во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци