Во Куманово одбележани 144 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во гимназијата „Гоце Делчев“ денеска беа одбележани 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер, хуманист и визионер Гоце Делчев.
Повеќе делегации, од училиштето, Советот на општина Куманово, политички партии и граѓански организации положија цвеќе пред бистата на великанот во дворот на кумановската гимназија.
Директорот на гимназијата Горан Димитријевиќ истакна дека гимназијата 71 година достојно го носи името на Гоце Делчев и додаде оти неговиот лик и дело се патоказ за сегашните и идните генерации.
- Ликот на Гоце Делчев и неговото дело секогаш биле и ќе бидат пример за сите генерации Македонци. Нам ни преостанува со нашите постапки да ја заслужиме достојноста за да се наречеме негови следбеници, истакнаа учениците на денешното одбележување на 144-годишнината од раѓањето на Делчев.
Средношколците прочитаа дел од биографијата на револуционерот и поезија во чест на македонскиот визионер.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
-
Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
-
30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар
-
Едногодишно дете од Липковско се затруло со лекови
-
Малолетник повреден при пукање на семејна веселба во кичевско
-
Приведен 29-годишник од Кавадарци, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта
-
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
-
До сабота многу топло со температури над 40 степени