Во Куманово одбележан Светскиот ден за борба против хепатитис
Трибина и едукативно предавање во рамки на одбележувањето на 28 јули, Светскиот ден за борба против хепатитис, се одржаа денеска во организација на НВО „Хепта“ во Куманово во соработка со кумановскиот Црвен крст.
Розалинда Исјановска од „Хепта“ рече дека целта на предавањето е информацијата да допре до граѓаните и да се едуцира општата популација за превенирање од вирусите А,Б и Ц.
Посочи дека интенција на Светската здравствена организација е да се елиминира заразната жолтица до 2030 година.
- Во селата од кумановско, заразната жолтица е регистрирана скоро секоја година и тоа посебно од типот А. Бројките се движат од 10 до 12 новорегистрирани случаи. Сметаме дека вистинската едукација и информација за општата популација помага да се превенира заболувањето, потенцира Исјановска.
Според неа, одржувањето на личната хигиена, пристапот до хигиенски исправна вода и хигиенска диспозиција на отпадните материи се клучни за превенирање на заразната жотлица тип А.
- За вирусот од тип Б постои терапија во Македонија која се наоѓа на позитивната листа и според испитувањата на Инфективната клиника во Скопје од 69 до 80 проценти од пациентите се лекуваат со терапијата. Воедно, во Македонија од 2004 година задолжителна е вакцинацијата за вирусот тип Б за сите новородденчиња која се дава во акушерските одделенија, а потоа следи и ревакцинација. Потребно е да се вакцинираат и тестираат постарите, затоа што вирусот може да се пренесе преку секрети и екскрети на човековото тело, додаде Исјановска.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство