Во Куба над 90 отсто од населението вакцинирано со најмалку една доза против коронавирус
– Куба вакцинираше над 90 отсто од своето население со најмалку една доза од вакцината против коронавирус, додека 83 отсто од населението се целосно вакцинирани. Државата имунизирала повеќе граѓани против коронавирусот отколку повеќето најголеми и најбогати земји во светот, јавија американски медиуми.
Додека многу соседни земји во Јужна Америка се натпреваруваа за вакцини произведени од побогати земји, здравствените власти велат дека Куба постигнала напредок во вакцинацијата со развивање на сопствена вакцина против коронавирусот. Бројот на нови инфекции и смртни случаи на островот е намален во последните недели. Речиси сите деца на Куба на возраст од две до 18 години сега се вакцинирани со домашни вакцини. Училиштата се отворени, а странските туристи се добредојдени.
Според очевидци на кои се повикуваат американски медиуми, болниците и мртовечниците, кои беа преполни во август, работат на ниво пред пандемијата на коронавирусот. Кубанските власти соопштија дека вакцините произведени во таа држава – Abdala, Soberana-2 и Soberana Plus – се базирани на протеини и обезбедуваат повеќе од 90 проценти заштита од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание