Во Крушево -5 степени, во Пожаране 12 сантиметри снег
Во Крушево изутрина се измерени -5 степени, во Берово и Крива Паланка -3, а во Тетово, Скопје-Петровец и Охрид -1. Во Дебар, Прилеп, Претор и Виница 0 степени, Штип, Демир Капија, Струмица, Скопје-Зајчев Рид и Куманово 1, 2 во Битола, 4 во Дојран, 5 во Гевгелија. Дванаесет сантиметри снег има во Пожаране, седум во Берово, а во Крушево еден сантиметар, соопшти УХМР.
Најавува дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Ново на Сител
-
Утврдени финалистите за наградата „Сахаров“ за 2025 година
-
Светски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, иднина, култура и идентитет
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд
-
Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
-
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски