Во Кривогаштани по 37-пат „Денови на македонската народна носија“
По 37- пат денеска во Kривогаштани ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонска народна носија“.
Утре напладне во центарот на Кривогаштани е дефилето на учесниците. Учествуваат 20 екипи од сите региони во Македонија. Годинава се очекува манифестацијата да има и меѓународен карактер.
Со оригиналната народна носија од својот крај пред посетителите во Кривогаштани ќе се претстават и гостите од Пиринска и Егејска Македонија, како и учесници од Мала Преспа.
Утревечер од 19 часот во Домот на културата во Кривогаштани е ревијалниот дел кога ќе бидат доделени наградите на најдобрите учесници.
Организатори на манифестацијата се општината Кривогаштани и КУД „Илинден“ од Кривогаштани, под покровителство на Министерството за култура.
Како што информираат од локалната самоуправа на Кривогаштани, Министерството втора година по ред издвојува средства за поуспешна организација на оваа ретка манифестација која го поддржува негувањето на македонската традиција и македонската оригинална носија.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Бидете сигурни, во Србија нема да се случи „македонско сценарио“
-
Фатен 30 годишен струмичанец кој избегал од штипскиот затвор
-
Замисли“ и земи кредит до 60.000 денари со 0 проценти камата и без трошоци
-
28 годишен Албанец неуспешно бегал од полиција, во возилото пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЦУ: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
-
ОЈО со детали: Над 9 милиони денари штета од пожарот во Адвокатската комора
-
Најстудено на Попова Шапка