Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Со продолжение на доказната постапка во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.
Јавното обвинителство на едно од претходните рочишта презентираше обемна документација поврзана со работењето на АД „Државна лотарија“, набавката на видеолотариски терминали и односите со странскиот партнер „Казинос Аустриа“.
Обвинителството презентираше договори за заедничко вложување и основање на „Државна видео лотарија на Република Македонија – Казинос Аустриа ДОО Скопје“ од 2013 година, владини одлуки, стенографски белешки и записници од седници на Владата, како и документација поврзана со програмата за работа на АД „Државна лотарија“ за 2023 година.
Како дел од доказниот материјал беа изведени и финансиски документи, меѓу кои девизни налози, банкарски изводи, аналитички картички на економски оператори, фактури, сметки и испратници поврзани со набавката на видеолотариските терминали.
Беа разгледани и известувања од странскиот содружник доставени до Владата, во кои се третираат прашања поврзани со правото на приредување електронски игри на среќа и функционирањето на заедничкото друштво.
Бранителите на обвинетите, на изминатото рочиште ги изнесоа своите забелешки на доказите предложени од Обвинителството. Притоа беа отворени прашања поврзани со толкувањето на договорните односи со странскиот партнер, обемот на правата за приредување игри на среќа, како и околностите поврзани со набавката и користењето на автоматите за игри на среќа.
Во предметот „Државна лотарија“, покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.
Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.
Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
