Македонија
30. October 2015 - 15:15

Во Крива Паланка во два одделни случаи запленети хероин, таблети, мобилни телефони...

 Во Крива Паланка во два одделни случаи полицијата вчера пронајде и заплени „хероин“, таблети, мобилни телефони, стоп палка со ознака „полиција“ и два сигнални куршуми. 

Во едниот случај, соопшти денеска МВР, при изврешен претрес во домот на С.А.(22) се пронајдени и одземени околу грам „хероин“, 11 таблети, 4 мобилни телефони, стоп палка со ознака „полиција“ и два два сигнални куршуми. Исто така, во неговиот дом се затекнати и Г.Д.(30), Д.М.(29) и 17-годишно малолетно машко лице, при што во собата имало видливи траги од користење на наркотична дрога. Сите лица се приведени во ПС од ОН Крива Паланка каде што им е земена урина која е доставена на вештачење.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде изготвена кривична пријава за сторени две дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Како што се наведува во соопштението, во вториот случај од лицето С.Н. е одземена една паковка со „хероин“ и 8 таблети.