Во Крива Паланка „Велигденска традиција 2016“

Работилница посветена на велигденските обичаи и традицијата поврзана со чествувањето на големиот христијански празник Велигден, се одржа денеска во Крива Паланка во организација на локалната установа Градски музеј, со што почнаа активностите од годинашната манифестација „Велигденска традиција 2016“.
- Трета година по ред Кривопаланечкиот музеј ја организира манифестацијата „Велигденска традиција“ која има за цел зачувувања на традиционалните вредности и надополнување на Велигденските празнувања. Со работилници посветени на обичаите поврзани со овој голем христијански празник кои повозрасните им ги пренесоа на помладите, беше отворена годинашната манифестација, изјави Драган Величковски, директор на Градскиот музеј во Крива Паланка.
Централниот настан ќе се одржи на вториот ден Велигден, на 2 мај пред платото на Градскиот музеј со почеток во 11 часот. Ќе се одржи избор на најубаво украсено велигденско јајце, најубава рачно изработена декорација со Велигденски мотиви и натпревар за најцврсто јајце. Декоративните изработки ќе бидат достапни за продажба, а средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Присутните ќе можат да дегустираат и солени и слатки велигденски специјалитети.
- Манифестацијата е поддржана од локалната самоуправа на општина Крива Паланка, а ние во наше и нивно име ги повикуваме сите паланчани да присуствуваат и да го омасоват настанот, да го празнуваме Велигден заедно, но и да учествуваат во натпреварите и активностите предвидени за овој ден, додаде Величковски. ид/рп/14:51
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
