Во Крива Паланка трибина „ На секое дете му е потребно семејство“
Во големата општинска сала во Крива Паланка синоќа се одржа трибина на тема „На секое дете му е потребно семејство“ во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.
Трибината се одржа по повод „Светскиот ден за превенција од насилство врз децата“ и „Светскиот ден на детето”, а предаваше Душко Миновски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика.
- Ова е една од најсуштествените теми во општеството, која најмногу не засега сите. Моите колеги кои работат во Центрите за социјални работи ширум земјава се среќаваат директно со проблемите на децата, од најмала возраст па се до полнолетството, кога децата се соочуваат со секаков вид ризици. На вечерашната трибина примарно сакавме да ја потенцираме улогата на семејството во воспитување и градење на единка, корисен граѓанин, пред се за себе, а во иднина и за целото општество, рече Миновски.
Посочи дека за да се оствари тоа и детето да стане активен субјект за креирање на сопствениот живот, основен фундамент е семејството и тоа семејство, како што рече, со здрави односи.
- Знаеме дека заедницата не ни е идеална, дека има проблеми, но никако не смеат да се запостават интересите на децата. Најважно е емоционално да ги описмениме децата, а тоа значи постојано да комуницираме со нив за нивната емоционална состојба и споделување чувства, што е најважно за секое дете, додаде Миновски.
- Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, зашто за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот-изјави Елена Митевска-Давидовска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.
Трибината беше организирана со цел да ги информира и запознае граѓаните за правата на децата, а се говореше и за заштита на децата при проблеми со дисфункционалност на семејствата.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција