Во Крива Паланка се одржа „Џој фест 2015“
Околу десет ијлади љубители на рок-музиката од Крива Паланка и регионот синоќа присуствуваа на плоштадот „Карпошово Востание“ на годинашниот фестивал на алтернативна музика, „Џој фест“ 2015.
На фестивалот гостуваа балканската музичка ѕвезда Ален Исламовиќ и бендот „Кад би био Бијело Дугме“, а покрај нив публиката ја забавуваа и македонските бендови „Ај кју“ и „Шутка рома рап“. Во промотивниот дел од фестивалот на сцената настапи и младинскиот рок-состав до Крива Паланка, „Ребелс“.
Организаторите истакнаа дека се презадоволни од посетеноста.
-Годинава имавме рекорден број посетители што говори дека фестивалот прераснува во реномиран настан кој ја привлекува публиката од разни краеви на Македонија, а на наше огромно задоволство имаше и публика од соседна Србија и Бугарија. Публиката се забавуваше одлично со добро познатите хитови на учесниците. Главната улица беше преполна, а градот буквално живееше во духот на рок-музиката. Тоа ни дава мотив за уште поголем ангажман во организацијата за програмата за идната година, информира Александар Михајловски, уметнички директор на „Џој фест“.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски изутрината организираше прием во својот кабинет за Ален Исламовиќ и бендот „Кад би био Бијело Дугме“.
Гостите ги пренесоа своите импресии од настапот и од гостувањето во Крива Паланка.
- Презадоволни сме од гостопримството на организаторите и градоначалникот, но најзадоволни сме од приемот на публиката која во еден глас ги пееше нашите познати рефрени. Амбиентот каде се одржува евентот е како создаден за вакви настани и оттука освен сувенири за спомен од општина Крива Паланка ќе понесеме многу убави впечатоци, со надеж дека повторно ќе имаме можност да гостуваме во преубавиот град со прекрасни и добри луѓе, изјави Исламовиќ.
Покровител на фестивалот, кој се организира од 2012 година, е локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури