Во Крива Паланка санирање на штетите од обилните врнежи
Службите од општина Крива Паланка ги интензивираа активностите за санирање на штетите од невремето и обилните врнежи од дожд кои ја зафатија општината и околните места на почетокот од месецот.
Во моментот градежната механизација е на терен и работи на санација на локалните патни правци кои водат од село Узем кон село Костур, но и на санирање на штетите во останатите подрачја на општината.
- По обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на Крива Паланка и околните населени места на почетокот на декември, беа предизвикани поголеми оштетувања на локалната инфраструктура, а најпогодени подрачја беа населените места Жидилово, Узем, Костур, Станци и Дурачка Река. Екипите на Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во соработка со Јавно Претпријатие Комуналец и Територијална противпожарна единциа Крива Паланка, покрај дваесетичетири часовното дежурство и будно следење на состојбата, правовремено реагираа и превентивно ги превзедоа сите неопходни мерки за заштита на имотот и лицата во загрозените подрачја, а сега се работи и н асанација на штетите од невремето, велат од локалнаата самоуправа на општината.
Во изминатото деноноќие на подрачјето на Крива Паланка дуваше силен ветер од југозападен правец, но службите засега не бележат штети.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови