-->
-->
Во Крива Паланка поднесени 788 барања за легализација дивоградби
-->

До Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина на општина Крива Паланка се поднесени вкупно 788 барања за легализација на бесправно изградени објекти изградени до 2 март 2011.
- Кривопаланчани го искористија овој дополнителен рок за поднесување барања и речеси 800 лица ќе добијат можност да се реши статусот на нивните градби. Само во текот на вчерашниот ден, кога Одделението работеше вонредно, до 20 часот, поднесени се 157 барања, а очекуваме и уште барања да пристигнат по пошта, со што најверојатно вкупната бројка поднесени барања ќе надмине осумстотини, информира Добривој Николовски, раководител на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина на општина Крива Паланка.
Николовски додаде дека рокот за комплетирање на барањата е 31 декември 2017 година, додека рокот за доставување прилози кон барањата поднесени во претходнито рок истекува на крајот на тековната, 2016.
Инаку, откако стапи на сила Законот за постапување со бесправно изградени објекти во Крива Паланка се легализирани 600 дивоградби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
-

Француската полиција приведе 326 лица по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите
-

Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
