-->
-->
Во Kрива Паланка отворен работен клуб за млади
-->
Во општина Крива Паланка започна со работа работен клуб во рамки на проектот „Создавање на можности за младите од руралните средини“ кој се спроведува од Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на фармери на Република Македонија.
Целта на проектот, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија, е да се овозможи вклучување на младите од руралните средини на пазарот на трудот од Североисточниот регион на Македонија.
- Проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ ги поддржува младите невработени лица од руралните средини во Североистокот, преку обезбедување можности за зголемување на вештините за вработување, зголемување на конкурентноста на пазарот на труд, како и создавање можност за професионален развој. Работниот клуб е отворен како дел од активностите на проектот , со кои е направена и анализа на пазарот на труд во Североисточниот регион, аорганизирани беа и повеќе Саеми за кариера, информира Весна Гарванлиев-Андонова, координатор на проектот.
Идејата е преку овие клубови да се обезбеди практикантска работа за млади невработени лица, на возраст од 20-39 години.
- Младите невработени лица имаат можност за бесплатни обуки, практикантска работа во компанија од регионот, како и практикантска работа во локалниот работен клуб. Клубот е сместен зад општинската зграда во Крива Паланка и сите заинтересирани невработени лица можат да се пријават за унапредување на своите практични вештини, преку неколку месечна платена пракса во локална компанија или да ги зголемат своите меки вештини преку посета на работниот клуб, дополни Гарванлиева- Андонова.
Освен во Крива Паланка,отворени се работни клубови и во Липково и Старо Нагоричане кои ќе функционираат во период од една година.
Потенцијалните практиканти можат дааплицираат во работните клубови, а апликациите се достапни и наwww.cea.org.mk.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење
-
Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025