Во Крива Паланка изложба „Наградена колекција на 28 FIAP биенале“
Во уметничката галерија на локалната установа „Градски музеј“- Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата „Наградена колекција на 28 FIAP биенале“.
Изложбата е дел од одбележувањето на 53. Денови на македонска фотографија, а се организира во соработка на „Фото-сојуз“ на Македонија и Фото-кино клубот „Види“ од Крива Паланка.
-„Фото-сојуз“ на Македонија секоја година традиционално одржува Денови на македонската фотографија и државна изложба со која се прави пресек на македонското фотографско творештво во тековната година. Деновите на македонската фотографија годинава започнаа со отворањето на изложбата на наградени автори во Куманово, во организација на фото-кино клуб „Козјак “ од Куманово, а продолжија со оваа изложа во Градската уметничка галерија на Крива Планака. „Наградена колекција на 28 FIAP биенале“ е изложба на дела што постигнаа најголем успех во меѓународни рамки за македонската фотографија, истакна Боро Рудич, претседател на „Фото-сојуз“ на Македонија.
„Фото-сојуз“ на Македонија е членка на FIAP - Меѓународна федерација на фотографска уметност.
Рудич додаде дека во одбележувањето на Деновите на македонската фотографија, покрај државната изложба на која се изложени 112 фотогарфии од 46 автори, придружно се органзираат и неколкудневни дружења.
Во соработка со коорганизаторот Фото-кино клубот „Види“ во Крива Паланка е изложен дел од колекција од 4 автори со по 5 дела.
- Благодарение на нашата прва соработка со на „Фото-сојуз“ на Македонија и Крива Паланка е дел од одбележувањето на Деновите на македонската фотографија. Љубителите на фотографската уметност ќе уживаат во изложените уметнички фотографии следниет две недели, а неколкудневното дружење продолжува во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски, изјави Горан Цветковски, претседател на Фото-кино клубот „Види“ од Крива Паланка.
Покрај дружењето на фотографите - претставници од фото сојузите на Србија и Бугарија, ќе бидат направени и дигитални проекции на неколку автори во Центар за култура Крива Паланка и во манастирот, а неодминлив дел е размената на искуства.
Ново на Сител
-
Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
-
Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година