-->
-->
Во Крива Паланка до 10 часот излезноста 10 отсто, во Ранковце 12
-->
Според податоците од општинската изборна комисија во Крива Паланка до десет часот гласале околу 10 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи.
- Право на глас во Крива Паланка имаат 17.068 гласачи од кои до 10 часот гласале 1761 граѓани или околу 10 отсто. Според податоците од терен, досега нема никакви пречки во одвивањето на избирачкиот процес, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК , Крива Паланка.
Во општина Ранковце процентот на излезност е нешто поголем.
- Гласањето се одвива непречено, досега гласаа 393 гласачи од вкупно регистрираните 3.074, што претставува околу 12,2 отсто излезеност, информира Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.
Право на глас во двете општини имаат вкупно 20.142 гласачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости