Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваат 437 болни
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за очни болести, тројца болни на Клиниката за Нефрологија и седум во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника имало нови 11 приеми во тек на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот. На Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 22 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на Клиниката за уво нос и грло 12 болни.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 пациенти, на Клиниката за инфективни болести лежат 152 болни додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти, од кои 10 деца и 13 возрасни.
Вкупно 437 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Ново на Сител
-

Додик: Каран победи и покрај обидите да се дестабилизира РС
-

Нова.рс: Првиот пациент од Србија ќе ја прими руската вакцина против рак
-

Максим Митровски поради повреда со пораз на Светското првенство во кик бокс
-

Лука Кипровски, Нелсон Узеир и Стефан Михајловски со победи на Светското првенство во кик бокс
-

Иран јавно погуби маж осуден за силување
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница
-

Украински власти: Двајца убиени, шестмина повредени во руските напади врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
