Во Косово уапсени 18 лица осомничени за трговија со емигранти
Косовската полиција објави денеска дека уапсила 18 лица кои се сомничат за трговија со емигранти, во обемна операција под кодното име „Габер“ („Шкоза“), јави дописникот на МИА од Приштина.
Според полициското соопштение, истрагата за лицата за кои постоело сомневање дека се вмешани во нелегалната дејност со емигранти започнала уште во март оваа година.
На 14 јули е уапсен сириски државјанин кој престојувал во Косово со цел да ја организира операцијата на трговија со емигрантите, додека вчера во населбата Шкоза во Призрен е уапсено уште едно лице кое е фатено додека го вршело кривичното дело. Тој избегал и се обидел со неговото возило да ги прегази полициските службеници, по што е фатен и притворен под обвинение за напад врз службено лице.
Подоцна во текот на вчерашниот ден се уапсени уште 16 лица осомничени за вмешаност во кривичното дело трговија со емигранти.
Тие се сомничат дека нелегално ги пренесувале емигрантите, главно по потекло од Азија, од Албанија во северниот дел на Косово, а целта им била да заминат во западна Европа.
Во вчерашната акција се запленети четири парчиња огнено оружје, 95 куршуми, три автобуси, две возила, два апарати за радио-врска и 17 мобилни телефони.
Од приведените, на 17 им е одреден притвор, додека едно лице е пуштено да се брани од слобода.
Ново на Сител
-
Возач оставил тешко повреден Турчин во Државна болница па заминал, лицето подоцна починалo
-
Полицаец од Велес се заканувал на човек од кого купил автомобил кој требало да е исправен, но по кратко возење останал во дефект
-
Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село
-
Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк
-
Хаос во Собранието на Заечар при одржување седница, фрлена чадна бомба и употребен бибер-спреј
-
Стопанска комора: Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост
-
ДИК ќе одржи ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати залокалните избори 2025