-->
-->
Во кошнички со пчели поставил икона, кога ја отворил останал вчудоневиден!
-->
Во регионот Капндрити во близина на Атина, побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една од своите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово.
Набрзо после тоа кога ја отворил кошничката бил вчудоневиден. Пчелите покажале голема почит према иконата, тие ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово.
Отогаш тој секоја пролет во кошничката ги става иконите на Спасителот, Богородица, и Светителите, а резултатот е секогаш ист.
– Еднаш донесов икона на која е насликана голготата со трите крста. Пчелите ја имаа извезено со восок целата површина на иконата, оставајќи јасно да се види крстот на кој е распнат Христос и разбојникот кој што се покајал, насликан од десната страна, додека разбојникот од левата страна беше прекриен со дебел слој на восок, вели Исидорос.
– Последен пат ја оставив иконата на Свети Стефан првомаченик. И како што гледате цела икона је покриена со восок освен лицето и телото на светителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек