Во Корча промовирани книги за јазикот и традициите на Македонците во Албанија
Во органзација на Македонското друштво „Сонце” а во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” од Скопје, во албанскиот град Корча, промовирани се четири книги на македонски јазик, поврзани со јазикот и традициите на Македонците во Албанија.
Станува збор за „Говорот на Македонците во Мала Преспа” од Гоце Цветановски, „Голо Брдо” од рускиот автор Андреј Соболев, како и „Записи од мојот крај” и „Поезија и проза од мојот крај” чиј автор е Крисанта Јанкула.
Директорката на Институтот, Елена Јовановска -Груевска искажа големо задоволство што е меѓу Македонците и најави подршка на вакви и слични иницијативи, кои ги промовираат јазикот и традициите на Македониците во Албанија.
-Огромна благодарост за помошта што Институтот ја даде книгите да го видат светлото на денот. Овие дела се од голема важност за зачувувањето и промовитањето на јазикот, културата и традициите на Македонците во Албанија. Секако ветувањето дека и во иднина ќе објават и други книги за други региони каде што живеат Македонците во Албанија, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на друштвото„Сонце“.
Кристена Јанкула,просветен работник од Мала Преспа, рече дека записите од Преспа почнала да ги собра со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.
Во својата работа, додаде, голема помош имала и од нејзините ученици, кои помогнале во прибирањето на материјалот со искази на нивните дедовци и баби.
Ново на Сител
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор